Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЛГИСКИОТ ПРЕМИЕР ГИ ПРЕДУПРЕДУВА ГРАЃАНИТЕ: Не излегувајте од дома!

БЕЛГИСКИОТ ПРЕМИЕР ГИ ПРЕДУПРЕДУВА ГРАЃАНИТЕ: Не излегувајте од дома!

После експлозиите кои утрово се случија на аеродром и метро станици во Брисел, белгискиот премиер Шарл Мишел ги предупредил граѓаните да го избегнуваат секое движење и да останат во своите домови.

Околу зградата во која е кабинетот на премиерот е распоредено додатно обезбедување, пренесе Гардијан.

Најмалку три експлозии го потресоа во краток размах рано утрово Брисел, две на аеродромот и една на станицата на метро во Европскиот кварт, па во тој град владее паника, а медиумите јавуваат дека се работи за бомбаш самоубиец.

Белгискиот федерален тужител потврди дека на бриселскиот аеродром загинале 13, а дека експлозија предизвикал бомбаш самоубиец, јави Раша тудеј.

 
Слично

Поврзани вести