Белгискиот министер за финансии си даде оставка поради кредит
Белгискиот министер за финансии, Стивен Ванакере во вторникот поднесе оставка од функцијата поради спорот околу повластените каматни стапки на банкарските кредити, во пресрет на клучните преговори на шестчлената коалициона влада за понатамошните мерки на штедење.
Причината за неговото заминување беше спорот околу поволна каматна стапка на кредитот кој го одобри Државната банка „Belfius“ на синдикатот поврзан со фламански демохристијански партија на Ванкере. Пратениците во белгискиот парламент се сомневаат дали министерот знаел за условите на кредитот.
Белгиската влада се подготвува да започне преговори овој месец за договарање на новиот пакет мерки за штедење. Во Белгија дури кон крајот на 2011 година заврши година и половина долгата политичка криза која доведе до скок во трошоците за кредити во државата затоа што инвеститорите стравуваат дека нема да бидат во можност да го предвидат буџетскиот дефицит и националниот долг кој достигна речиси 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП).
Минатата година, белгиската влада успеа да го намали буџетскиот дефицит за околу три отсто од БДП, од 3,7 проценти колку што беше година претходно, со помош на заштедата од 14,5 милијарди евра, а благодарение и на планираното зголемување на старосната граница за пензионирање.
Владата планира и понатаму да го намали дефицитот на 2,15 проценти од БДП, со договорената пакет на мерки за штедење во износ до 3,4 милијарди евра.
Како министер за финансии Ванакере влезе во Владата во декември 2011 година. Две години претходно тој беше министер за надворешни работи.
Слично
