Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија уапси џихадисти кои планирале нови напади

Белгија уапси џихадисти кои планирале нови напади

Во Белгија се уапсени четворица под сомневање дека регрутирале луѓе за Исламска држава и за планирање на нови терористички напади.

Белгиското Федерално обвинителство соопшти дека полицијата пронашла „траги“ од заговор за нов напад при апсењето на четири лица за кои постои сомневање дека регрутирале џихадисти за да се борат во Сирија и во Либија.

Ова се случува само два месеца откако тројца бомбаши самоубијци извршија координирани напади во Брисел при што загинаа 32 лица. Подоцна стана јасно дека тие се извршени од истата терористичка ќелија која стои зад крвавите напади во Париз минатиот ноември. Повеќето од луѓето во групата се Белгијци и Французи од арапско потекло.

Слично

Поврзани вести