Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија прогласи три дневна жалост

Белгија прогласи три дневна жалост

Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбол прогласи три дена на жалост по нападите на аеродромот и во метрото во Брисел, во кои загинаа над 30 луѓе а ранети се десетици пренесе Гардијан.

Се очекува Јамбол да му се придружи на премиерот на Белгија Шарл Мишел, кој ќе го посети аеродромот во Брисел „Завентем“ во следните неколку часа, каде се случи денешниот напад.

Утринава непосредно пред 8 часот по локално време две последователни експлозијата се случија на основниот аеродром „Завентем“ во Брисел.

Во рамките на еден час подоцна имаше експлозија на метро станицата во Мелбек, која се наоѓа во близина на зградите на европските институции - на 350 метри од местото каде што лидерите на ЕУ ги одржуваат своите редовни состаноци.

Белгија го крена нивото на тревога од терористичка закана од трет на четврти степен - највисоко можно. Белгискиот премиер Шарл Мишел потврди дека станува збор за терористички напади.

Експлозиите на аеродромот и во метрото во главниот град на Белгија стануваат само 4 дена по апсењето на 26-годишниот Салах Абдеслам. Тој е осомничен дека е единствениот преживеан напаѓач од нападите во Париз од 13 ноември минатата година. Вчера министерот за внатрешни работи на Белгија Јан Јамбол предупреди дека фаќањето на еден терорист може да активира друг.

Слично

Поврзани вести