Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија покрена обвинение против деветиот осомничен за нападите во Париз

Белгија покрена обвинение против деветиот осомничен за нападите во Париз

Властите во Белгија подигнале обвиненија за уште еден осомничен во врска со нападите во Париз од 13 ноември, со што нивниот број се издигна на девет лица, соопштија од обвинителството во земјата.

Според властите осомничениот, чие име не се споменува, имал телефонски разговор со Хасна Аитбулахен - братучед на наводниот шверцер на организаторот Абделхамид Абауд, неколку пати по нападите.

Уапсениот се јавил и во полиција пред да се спроведе акција против Абауд и Аитбулахен неколку дена по нападите, во која и двајцата загинаа.

Слично

Поврзани вести