Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија: Ова е трагичен, црн ден!

Белгија: Ова е трагичен, црн ден!
Светските лидери, пратеници и јавни личности искажаа сочувство на роднините на жртвите. По нападите во Белгија белгискиот премиер, Шарл Мишел и главниот кралски обвинител, Фредерик Ван Ле одржаа заедничка прес-конференција. Признаа дека се очекува бројот на жртвите да се зголеми. Светските лидери, политичари и општественици остро ги осудија нападите. Францускиот претседател, Франсоа Оланд итно свика седница на Советот за безбедност, велејќи дека мора „многу внимателно се следи ситуацијата". Претседателот на Русија, Владимир Путин остро ги осуди овие варварски злосторства. „Во шок сум од настаните во Брисел! Ќе направиме сè што е во наша моќ да помогнеме "- напиша на Твитер, британскиот премиер Дејвид Камерон. Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу говореше на тема напади во турскиот парламент. „Овие напади уште еднаш го покажаа лицето на глобалниот тероризам", изјави тој. Стравот, верската омраза и расизмот не треба да ја поразат Европа, смета грчкиот премиер, Алексис Ципрас.  
Слично

Поврзани вести