Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија не ги сака Авганистанците, ги враќа назад

Белгија не ги сака Авганистанците, ги враќа назад

Белгија презема чекори за враќање на барателите на азил од Авганистан, соопшти државниот секретар за азил и миграција Тео Франкен, цитиран од агенциите.

Авганистанците имаат две можности, да се вратат во татковината доброволно и да добијат материјална помош, или да бидат протерани. Ако прифатат да бидат вратени, тие ќе бидат однесени до Кабул, Херат или Џелалабад. Таму тие ќе имаат обезбедено привремено засолниште, како и можност за професионална обука. Белгија ќе им даде по 2.200 евра еднократно, за да набават материјали за работа и да започнат мал бизнис.

Во последната седмица 4500 Авганистанци во Белгија добиле писмено предлог да се вратат доброволно во татковината. Над половина или 56% од Авганистанците пристигнале во Белгија,  ноне добиле меѓународна заштита, забележуваат медиумите. Минатиот месец шестмина државјани на Авганистан се протерани од Белгија, а вкупно 13 за целата 2015 година.

Неодамна Белгија почна кампања за враќање на Ирачаните, кандидати за азил, како и за дестимулирање на оние кои уште се во Ирак, но мислат да патуваат до ЕУ. Досега 683 Ирачани прифатиле доброволно да ја напуштат Белгија и да се вратат дома.

Слично

Поврзани вести