Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија направи кризна група за Брегзит

Белгија направи кризна група за Брегзит

Белгиската влада  денеска формира кризна група од експерти која треба да помогне како да се намалат економските загуби за земјата од евентуалното излегување на Британија од Европската унија.

По оценките на експертите Белгија може да загуби до 2,5% од БДП, при напуштање на Лондон поради отежнување на условите за инвестирање и бизнис. 12 000 работни места ќе бидат директно изгубени при Брегзит.

Велика Британија е 4-ти по големина трговски партнер на Белгија и инвестициите во земјата се над 12 милијарди евра. Минатата година белгискиот бизнис извезол стоки и услуги за 30 милијарди евра кон Британија, а од спротивната страна на Ламанш дошле 20 милијарди евра.

Најсилно ќе настрадаат производителите на храна и на текстил, кои се најтесно поврзани со извозот за Велика Британија.

Не е јасно и што ќе се случи со канцелариите на 220 белгиски компании кои имаат филијали во Обединетото Кралство.

Во исто време студија на холандско ING тврди дека белгиската економија ќе се намали за 0,5% од излегување на Британија од ЕУ и ќе претрпи директни загуби од 2,1 милијарди евра.

Европските институции се воздржуваат засега од проценките за економските последици од Брегзит, но подготовките за реакцијата на Брисел се под полна пареа.

Слично

Поврзани вести