Белгија ќе ја изврши првата евтаназија врз малолетник
Белгија ги има најлибералните закони кои дозволуваат асистирано самоубиство и евтаназија, а од пред две години дозволено е и малолетници да побараат предвреме да го завршат животот ако се соочуваат со терминална болест и неподносливи услови. Федералната комисија за евтаназија го одобри и првиот случај на малолетник чиј идентитет не се открива, а наскоро ќе му биде овозможена „достоинствена“ смрт.
„За среќа има мал број на деца за кои се разгледува можноста за евтаназија, но ние не смееме да им го одземеме правото да починат на мирен и безболен начин“, посочи Вим Дистелман од Федералната комисија за евтаназија на Белгија.
Голем број на философи, правници, доктори и клерици се против евтаназијата сметајќи ја за неетичка бидејќи се врши помош во самоубиство на пациент кој е неизлечливо болен, но секогаш со напредок на медицината постои можност за подобрување.
