Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгија исплатила 120.000 евра на терористи?

Белгија исплатила 120.000 евра на терористи?

Белгиските социјални служби на терористи исплатиле помош од над 120.000 евра во последните две години, објавија локалните медиуми.

Станува збор за странски борци - локални граѓани кои заминале да се борат во друга држава. Според последните официјални податоци, 281 Белгијци се упатиле на џихад во Сирија и Ирак, а за 120 од нив се претпоставува дека загинале.

Разузнавачките служби постојано работат на ажурирање на листата на борците и овие податоци ги поднесуваат до социјалните служби.

Уплатените  незаконски бенефиции ќе треба да бидат вратени во буџетот. Терористите чии семејства добиле социјална помош, се главно од Брисел и соседните градови. 

Слично

Поврзани вести