Белгија го ограничува до 5 години рокот на бегалскиот статус
Белгиската влада ќе прифати денес решение, според кое отсега рокот на испорачаниот статус на азил нема да биде неограничен, туку ќе биде во сила до пет години, објавија локалните медиуми, цитирани од агенциите.
Предвидено е по истекот на петгодишниот период имиграциските служби да проценуваат дали да го продолжат статусот на заштита на бегалец. Оние бегалци, во чии држави на потекло условите се подобриле, ќе бидат обврзани да ја напуштат Белгија.
Семејствата на бегалците ќе го задржат правото исто така да доаѓаат во Белгија. Рокот на важење на заштитата над нив ќе биде усогласен со рокот на издадениот документ на нивниот роднина. На пример ако бегалец добие право на петгодишен престој, а неговото семејство пристигне во Белгија две години подоцна, тој ќе има право да остане три години во земјата.
