БЕЛГИЈА ГО ИСПОРАЧА АБСЕСЛАМ НА ФРАНЦИЈА: Почнува судењето на парискиот терорист
Главниот осомничен за нападот во Париз Салах Абдеслам е предаден на властите во Франција, соопштија од федералните власти во Белгија.
„Со оглед истрагата на париските напади од 13-ти ноември, Салах Абдеслам им е предаден на француските власти утринава“, соопштија од обвинителството, како додаваат дека дополнителна информација за точниот час и други детали за трансфер нема да да бидат обезбедени.
Абдеслам кој е од мароканско потекло, е роден во Брисел, но има и француско државјанство.
Тој се смета за последниот жив член на џихад клетката, која ги оствари нападите во Париз од 13 ноември и Брисел од 22 март.
Во двете исламистички акции загинаа 130 и 32 лица, а одговорноста за нив презеде ја групата „Исламска држава“.
Абдеслам беше баран од европските власти уште по париските напади, во кои неговиот брат Брахим беше еден од бомбашите самоубијци .
Салах сепак беше уапсен во неговиот роден кварт Моленбек во Брисел минатиот месец, само 4 дена пред нападите на аеродромот и во метрото на белгиската престолнина.
