Белгија должи 375 милијарди евра
Белгија во јули го намали јавниот долг за 2 милијарди евра. Како што соопшти Националната агенција за следење на долгот на земјата, јавниот долг на Белгија во јули изнесувал 375.4 милијарди евра.
Вкупниот нето-долг на Белгија, кој ги вклучува и бруто-долгот без хартиите од вредност и финансиски инвестиции, на крајот на јули оваа година изнесувал 360.3 милијарди евра, што е за 2 милијарди евра помалку отколку во јуни 2013 година.
Долгот на институциите, исто така, е намален за 306.291 евра, додека долгорочните кредити за јавната администрација се зголемени за 10 милиони евра.
Слично
