Економија, финансии, бизнис

Контакт

Белгиец освои 168 милиони евра на лотарија, за што ќе му стигнат?

Белгиец освои 168 милиони евра на лотарија, за што ќе му стигнат?

Непознат белгиски државјанин освоил 168 милиони евра од лотаријата „Евромилиони“, а апелите кои следеа од одделни граѓани кон него или неа, ги истакнаа проблеми во белгиското општество.

Медиумите проценуваат што може да се купи со таа сума. Прво, ако парите бидат заклучени во кутија и сопственикот си зема по 10 илјади евра месечно, тој ќе има доволно за да живее 1.400 години.

Ако ги однесе во банка, при сегашната каматна стапка од 1 процент би располагал со 168 илјади евра месечно од камата, без да ја користи главнината. Профитот е доволен исто за купување на 336 куќи од половина милион евра или 672 автомобили Ферари за 250 илјади евра еден.

Последователните јавни реакции ги покажаа лицата и имињата на Белгијци кои го молат непознатиот среќник да им помогне со мали суми. Градежник моли за мал гест, за да ја надмине ситуацијата во која се наоѓа.

Вработен во самопослуга моли за подарок од 10 илјади евра, за да биде среќен. Во сите цитирани реакции се упатени честитки и добри желби за добитникот кој изгледа започнува нов живот.

Во позадина на ова, денес медиумите во Белгија - една од најсоцијалните и највлијателни земји во ЕУ - велат дека на 40% од работниците во земјата им се заканува сиромаштија.

Информациите, потврдени од полицијата, велат и дека се зголемува постојано бројот на жените кои се продаваат за да се прехранат, а не спаѓаат во бројката на професионални проститутки.


Слично

Поврзани вести