Белата куќа: Украина ги доби касетните бомби, веќе ги користат
Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и е распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
„Имавме првични повратни информации од Украинците и тие ги користат доста ефективно“, рече Кирби за време на прес-конференција.
Тој посочи дека касетната муниција ќе има големо влијание врз руските одбранбени формации и маневри, а од Киев беше соопштено дека касетните бомби ќе се користат само за елиминирање на големите „концентрации“ на руски војници, пренесува Ројтерс.
„Имавме првични повратни информации од Украинците и тие го користат доста ефикасно“, рече Кирби.
Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 100 земји, содржи голем број помали бомби кои случајно експлодираат на голема површина, а оние кои стигнуваат до земјата и не експлодираат, претставуваат голема опасност во наредните децении, наведува агенцијата.
