Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЛАТА КУЌА: Трамп за две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

БЕЛАТА КУЌА: Трамп за две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели. 

„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели“, рекол Трамп. 

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“. 

Една седмица Израел и Иран се напаѓаат. Жртви има на двете страни. 

Иран се закани дека светот може да има големи економски последици. 

Иран разгледува можност за блокирање на Хормускиот Теснец, стратешки важен поморски премин низ кој поминува околу 20 отсто од дневната светска потрошувачка на нафта. 

Слично

Поврзани вести