Белата Куќа со нови закани кон Москва
Русија ќе се соочи со построги санкции, доколку не го почитува договорот за смирување на состојбата во Украина, склучен во четвртокот во Женева или доколку испрати свои војници во источните украински региони, предупредува Белата Куќа.
- Тие санкци би можеле да погодат многу значајни сектори на руската економија, изјави синоќа советникот за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама, Сузан Рајс.
Вашингтон внимателно следи дали Русија ќе ги исполни своите обврски од Женевскиот договор и дали ќе го искористи своето влијание за да ги убеди проруските сепаратисти во источна Украина да се разоружаат и да ги напуштат државните објекти што ги зазедоа.
Денис Пушилин, лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“вчера изјави дека договорот од Женева, што го постигнаа Украина, Русија, ЕУ и САД, не ги обврзува проруските сепаратисти.
- Рускиот министер за надвоеешни работи Сергеј Лаврров не потпиша ништо во наше име, туку во името на Русија, изјави Пушилин.
Слично
