БЕЛАТА КУЌА СЕ ПРАВДА ЗА „ОВОЈ ЧОВЕК НЕ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ“: Бајден не мислел на промена на режимот во Русија
„Овој човек не
може да остане на власт“, изјави вчера американскиот претседател Џо Бајден за
рускиот претседател Владимир Путин во последните моменти од неговиот говор во
Варшава.
Веднаш по говорот на Бајден пристигна „појаснување“ од Белата куќа во кое се наведува дека американскиот лидер не повикал на промена на режимот во Москва. „Поентата на претседателот беше дека на Путин не треба да му се дозволи да има моќ над соседните земји“, соопшти Белата куќа.
Би-би-си во анализата наведува дека ова е јасен обид да се повлечат зборовите на Бајден. Имено, Вашингтон е загрижен дека изјавата на Бајден може да изврши дополнителен притисок врз Путин и да го направи уште понестабилен.
Директен повик за промена на режимот во Москва, како што оценува Вашингтон, може да предизвика нестабилност и да ја зголеми непредвидливоста, наведува Би-Би-Си.
