Белата куќа очекува намалување на буџетскиот дефицит
Намалување на дефицитот во федералниот буџет на САД за тековната година на 759 милијарди долари или на 4.7% од БДП прогнозира Белата куќа.
Податоците објавени денеска се за 200 милијарди долари помалку од прогнозата на администрацијата на претседателот Барак Обама од пред неколку месеци. Најновите бројки посочуваат на подобра ситуација во економскиот сектор во земјата.
Во 2012 година овој показател достигна 1,1 трилиони долари, а највисоко ниво имаше во 2009 година – 1,4 трилиони долари.
Тековната фискална година, која завршува на 30 септември, може да биде првата од владеењето на Обама, кога дефицитот нема да надмине 1 трилион долари.
Слично
