БЕЛАТА КУЌА ДЕМАНТИРА: Нема да депортираат 240.000 Украинци
Американските власти сепак нема да ги депортираат Украинците.
Белата куќа денеска ги демантираше информациите дека е донесена одлука за одземање на
привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во Соединетите Американски
Држави(САД) по почетокот на војната со Русија.
Прес-секретарот на Белата куќа, Керолин Левит, во објава на платформата Х изјави дека веста што ја објави Ројтерс е „лажна“ и дека „во овој момент не е донесена никаква одлука“.
Претходно денеска Ројтерс, повикувајќи се на висок функционер на администрацијата на Доналд
Трамп и на три извори запознаени со планот, објави дека администрацијата на Трамп планира да
го отповика привремениот правен статус на околу 240.000 Украинци кои побегнале во Америка
поради конфликтот со Русија, со што се отвора можност за нивна депортација, пренесе Би-би-си.
