Белата куќа блесна како виножитото
Еден од симболите на Соединетите Американски Држави - резиденцијата на претседателот, беше осветлена со боите на виножитото - меѓународниот признаен знак на движењето во поддршка на правата на ЛГБТ заедницата.
Причината е историска одлука на Врховниот суд на САД, според кое хомосексуалните бракови се можни на територијата на целата земја, а не само во 37-те држави и федералниот округ Колумбија, кои ги легализира во последниве години.
Со светлината администрацијата на претседателот Барак Обама ја поздрави одлуката на Врховниот суд. Во петокот вечерта персоналот на резиденцијата се собра пред северната фасада, за да го набљудува палењето на светлата, пишува ВВС.
Со истите светкави бројни бои беше украсен и аватар на Белата куќа во социјалната мрежа „Твитер“.
Самиот претседател Барак Обама ја потврди повторно на „Твитер“ одлуката како „голема победа за Америка“.
