Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЛА ВДОВИЦА: На 30 години оваа Британка е најбараната терористка на светот!

БЕЛА ВДОВИЦА: На 30 години оваа Британка е најбараната терористка на светот!
Саманта Лутвејт, 30-годишна Британка, е припадничка на радикалното џихадистичко движење во Сирија со огромна задача - ја води пропагандната кампања за регрутација на нови членови и ги обучува активистите за самоубиствени бомбашки мисии. Саманта, која откако премина на ислам го зела името Шерафија, е една од најбараните терористики - по неа веќе три години трагаат безбедносните сили на САД, Велика Британија и Кенија. Таа е осомничена дека стои и зад масакрот во Вестгејт шопинг центарот во Најроби минатата година. Оваа ќерка на поранешен британски војник има огромно терористичко искуство и сега е активно вклучена во активностите на џихадистите во Ирак и Сирија. Саманта е мајка на четири деца и вдовица на еден од лидерите на терористичката група Ал-Шабааб, поврзани со Ал Каеда. По смртта на сопругот, таа ја презема неговата терористичка мисија. Со оглед на тоа што е една од најбараните жени во светот, неа ја чува цела група елитни терористи, кои се подготвени да убијат секого што ќе и се приближи.  
Слично

Поврзани вести