БРЕГЗИТ ЕФЕКТ: Стандардот на живот во Велика Британија се намалува прогресивно
Животниот стандард во Велика Британија се намалува со најбрзoто темпо од 2011 година, откако од минатиот јуни инфлацијата почна да се зголемуваат по гласањето за Брегзит, пишува весникот „The Independent“.
Ова го покажуваат објавените денес податоци на националната статистичка служба на Обединетото Кралство.
Во првото тримесечје од 2017 година достапниот реален доход на домаќинствата бил со 2% помал во однос на истиот период во 2016 година. Ова е најголемото намалување по последниот квартал на 2011 година, кога реалниот доход на домаќинствата падна за 3%.
Тогаш кризата во еврозоната беше во полн замав, а инфлацијата кај потрошувачките цени надмина 5%.
Слично
