Бегалците се враќаат во Шведска, не сакаат да живеат во Финска!
Стотина Иранчани ја пропатувале цела Европа за да стигнат до Финска, но на крај одлучиле да се вратат назад, тврдат дека не им се живее во така ладно и досадно место.
Последните неколку недели бегалците се враќаат назад во Шведска преку граничниот премин Хапаранда-Торнио, дури час време возење оддалечено од Арктичкиот круг, пишува АФП. Финските власти тврдат дека се повеќе барања за азил истекуваат, што значи дека барателот се откажал од барањето заштита или едноставно исчезнал.
„Кажете му на целиот свет дека ја мразам Финска, преладно е, никој не пие чај, нема ресторани ни барови, улиците се празни“, се пожалил 20-годишниот Мухамед.
Тој тврди дека пропатувал 750 км јужно од Хелсинки, а потоа и 750 км назад до преминот Торнио како би преминал во Шведска.
Мигрантите без одговарачките патни документи не може да ја користат траектната линија помеѓу Хелсинки и главниот град на Шведска Стокхолм. Има уште групи на ирачки бегалци кои на автобуските станици во Торнио чекаат да се вратат на југот на Шведска и велат - Во Финска ништо не функционира.
Шведска е подеднакво студена земја како Финска, но сепак има поголема имигрантска заедница и долга историја на интеграција на доселеници. Неколку автобуси со бегалци пред неколку дена се вратија во Шведска, откако налетале на четириесеттина демонстранти кои во облека на расистичкиот клан Ку Клукс Клан фрлале петарди на автобусите.
