„Бегалците“ купуваат фалсификувани сириски пасоши во Турција за полесен пристап до ЕУ
Се појавила трговија со лажни сириски пасоши, особено во Турција, за да се олесни влезот на имигранти во ЕУ.
Ова го соопшти директорот „Фронтекс“ Фабрис Леджери, цитиран од „Франс прес“.
Има луѓе кои купуваат во Турција лажни сириски пасоши, очигледно бидејќи сфатиле дека Сиријците добиваат право на азил во сите земји членки на ЕУ, прецизира шефот на „Фронтекс“.
„Луѓето кои ги користат фалсификуваните документи, често зборуваат арапски. Тие може да се родум од Северна Африка или од Блискиот Исток, но имаат прилично профил на економски имигранти“, додал тој.
Засега продажба на документи не може негативно да влијае врз безбедноста на ЕУ.
„Немаме објективни податоци за влез на потенцијални терористи на овој начин“, истакнал Леджери, но повикал на внимателност на сите граници.
Директорот на „Фронтекс“ го повторил своето барање до земјите од ЕУ да испратат дополнителни граничари за Грција, за да се регистрираат сите мигранти кои пристигнуваат во земјата, која се наоѓа на надворешните граници на ЕУ.
По повод предупредувањето на германската канцеларка Ангела Меркел дека Шенген просторот може да биде укинат, ако не се распределуваат повеќе еднакво имигрантите во Европа, Леджери истакна дека „тоа е ризик кој почнуваме да го чувствуваме секој ден“.
