Бегалци во Европа се слеваат од десет држави
Рускиот весник „Комерсант" направи листа на 10-те земји, од каде луѓе доаѓаат во Европа.
Интересно е дека меѓу граѓаните кои бараат подобар живот надвор од своите родни места, не се само Сиријците, Ирачаните и Авганистанците, туку и жители на европски земји како Албанија, Косово и Србија.
На прво место е Сирија, земја чии граѓани поднеле 555 000 барања за азил. Тоа е 29,3% од поднесените барања, објавена од Еуростат. Најмногу од сириските бегалци сакаат да се населат во Германија (58%), Унгарија (12%) и Шведска (10%).
Втора е Авганистан, од каде 265 000 лица побарале азил во ЕУ. Тоа е 14% од бегалскиот поток кон стариот континент. Тие сакаат главно да се населат во истите три држави како и бегалците од Сирија.
На трето место во мрачната статистика е Ирак, од каде азил во ЕУ побарале 191 000 луѓе кои сочинуваат 10% од бегалскиот поток кон континентот. Најмногу Ирачаните сакаат да се населат во Германија (45%), Шведска (12%) и Финска (11%).
Кон Европа се брзаат и Албанците, 80 000 од нив бараат азил во ЕУ. Тие сакаат да се населат во Германија (78%), во Франција (7%) и во Шведска (4%). Протокот на бегалци од земјата е резултат на тешката економска ситуација. БДП по глава на жител во Албанија е еден од најниските во Европа.
На Албанците се Косоварите, од кои 78 000 сакаат да живеат во ЕУ, главно во Германија (52%), Унгарија (32%) и во Франција (7%). Повторно економската катастрофа е главна причина за бегството од земјата.
На шесто место е Пакистан, од каде 71 000 луѓе сакаат да живеат во ЕУ. Во суштина тие се насочени кон Италија (26%), Унгарија (26%) и Германија (22%).
На 7 место на листата е Иран. 46 000 граѓани поднеле барање за добивање азил во ЕУ. Од нив најмногу - 38%, сакаат да живеат во Германија, 14% во Велика Британија, 11% во Шведска.
На осмото место е Нигерија со 45 500 луѓе кои сакаат да добијат азил во ЕУ. Најмногу од нив - 59%, сакаат да живеат во Италија, 22% - во Германија и 6% во Франција.
Еритреја е на деветтото место во оваа статистика со 45 500 луѓе кои поднеле барања за азил во ЕУ. Од нив 39% сакаат да живеат во Германија, 18% - во Шведска и 18% во Холандија.
На 10-то место е Србија. 36 000 Срби побарале азил во ЕУ, а најмногу - 88%, сакаат да останат во Германија, 4% - во Шведска и 2% во Холандија.
