Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалскиот бран може да создаде полов дисбаланс во Европа

Бегалскиот бран може да создаде полов дисбаланс во Европа

Само 27% од бегалците кои се дојдени лани во Европа се жени.

Последниот извештај на аналитичката организација Pew открива интересни податоци за бегалскиот бран во Европа. Во секоја возрасна група, меѓу имигрантите од речиси секоја земја, жените се значително малцинство. Разликата е особено изразена кај имигрантите од Африка, Блискиот Исток, а од Гамбија, Бангладеш и Пакистан практично не пристигнале речиси никакви жени.

Овој факт може да доведе до развој на две сценарија. Првиот е во земјата која ги примила да настане нерамнотежа меѓу машкото и женското население. Тоа би било проблем - дури и лесен демографски дисбаланс може да има значително социјално влијание. Бегалците, кои веќе се соочуваат со изолација, прекин на врските и незадоволство во своите општества, ќе се соочат со очај.

Луѓето се тука, а Европа би можела да ги отфрли голем дел од барањата за азил и да ги врати многу од мажите таму од каде доаѓаат. Но, тоа е малку веројатно, а  политиката на Европската унија и голем дел од политичарите го поддржуваат давањето азил.

Слично

Поврзани вести