Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалскиот бран ја затвори централната станица на Будимпешта

Бегалскиот бран ја затвори централната станица на Будимпешта

Властите во Унгарија ја затворија главната станица во Будимпешта откако огромна група бегалци се обидоа да се качат на воз, за ​​да го обезбедат движењето до Австрија.

Движењето на возовите е суспендирано ниту заминуваат ниту пристигнуваат возови - се наведува во соопштението на властите. Стотици бегалци се уште го окупираа просторот околу железничката станица, откако со денови беа организирани импровизирани Кампови наоколу.

Нема информации до кога движењето ќе биде блокирано.

Унгарските власти им дозволија на мигрантите да отпатуваат со воз за Виена, иако многумина од нив немаа визи.

Само вчера од Будимпешта во Виена пристигнале 3650 бегалци. За повеќето од нив целта им е да стигнат до Германија, бидејќи минатата недела постапката за добивање азил за граѓаните на Сирија беше олесната.

Според пријавата на австриската полиција само 6 од бегалците се пријавиле да добијат статус на бегалци во Австрија. Сите биле Авганистанци.

Слично

Поврзани вести