Бегалската криза – од каде доаѓаат сите овие луѓе и зошто?
Блискиот Исток и Северна Африка преживуваат ера на насилство - девет граѓански војни беснеат во исламските земји - од Пакистан до Нигерија. Затоа има толку многу бегалци, кои се обидуваат да го спасат својот живот, пишува британскиот весник „Индипендент“.
Половина од 23-милионското население на Сирија е принудено да ги напушти своите домови, а 4 милиони избегале во други земји. Околу 2,6 милиони Иранци бегаат од родните места поради нападите на групата „Исламска држава“. Незабележани од светот, речиси 1,5 милиони луѓе се раселени во Јужен Судан, откако таму во крајот на 2013 година беа обновени борбите.
На други места во светот, особено во Југоисточна Азија, ситуацијата е мирна во последните педесетина години, но на една огромна територија - од планината Хиндукуш до западниот крај на пустината Сахара - државите се растргнати од верски, етнички и сепаратистички конфликти.
Насекаде се урива, се слабеат или се нападнати државите, а на многу од овие места се во подем крајни сунитски исламистички бунтовнички групи, кои го тероризираат мирното население, за да предизвикаат масовно бегство, забележува авторот на статијата Патрик Кокбарн.
Друга карактеристика на овие војни е дека ниту една од нив не покажува знаци за запирање, затоа луѓето не можат да се вратат во своите домови.
Повеќето Сиријци кои избегале во Турција, Либан и Јордан во 2011 и 2012 година, веруваа дека војната во Сирија наскоро ќе биде завршена и тие ќе можат да се вратат. Но неодамна сфаќаат дека тоа нема да се случи и дека треба да бараат постојан азил на друго место.
Самото времетраење на овие војни значи огромно и неповратно уништување на сите средства за живот, па бегалците кои во почетокот барале само безбедност, се наметнува и од економска неопходност, наведува дописникот на „Индипендент“.
Оваа бегалска криза во Европа во голема мера го одразува фактот дека конфликтот во Сирија за прв пат има вистинско влијание врз континентот.
Навистина, падот на безбедноста во Либија ја претвора африканската држава во канал за полагање на луѓе од посиромашните и бегање од конфликти од земји околу Сахара. Токму од либискиот брег тргнаа 114-те илјади бегалци кои пристигнале во Италија од почетокот на годината, не сметајќи ги неколкуте илјади кои се удавиле по патот. Но, колку и да е тешка, ситуацијата не е многу различна од онаа во минатата година, кога 112 000 луѓе успеаја да дојдат до Италија.
Сосема различна е ситуацијата со конфликтите во Сирија и Ирак, како резултат на кои бројот на луѓето кои се обидуваат да стигнат до Грција, има скок од 45 000 на 239 000 за истиот период.
Во последните три децении Авганистан е извор на најмногу бегалци според податоците на ОН, но во последната година Сирија зазема суштинско место во овој поглед и сега секој еден од четири нови бегалци во светот е Сириец. Се уништува генерално едно општество, а светот не прави речиси ништо за да престане тоа, забележува Кокбарн.
Сирија и Ирак се во центарот на сегашната бегалска криза, исто така, поради тоа што токму таму групите како „Исламска држава“ и „Ал Каеда“ контролираат значителни територии и се во состојба да се прошират во останатиот дел од исламскиот свет, и да предизвикаат поделеност меѓу заедниците . Тие станаа банди од убијци, кои делуваат на доста сличен начин без разлика дали се во Нигерија, Пакистан, Јемен или Сирија.
Масовното бегство на луѓето ќе продолжи се додека продолжуваат војните во Сирија и Ирак, пишува во заклучокот авторот.
