Бегалската криза може да ја извади Велика Британија од ЕУ
Повеќето британски гласачи веќе сакаат да ја напуштат ЕУ и причината е бегалскиот бран што ја зафати Европа во последните месеци, соопштува Ројтерс.
Истражување на Survation по нарачка на британското издание Mail on Sunday покажа дека 51% од Британците сакаат да ја напуштат заедницата, а 49% - сакаат да останат, исклучувајќи ги ставовите на луѓето, кои се уште не одлучиле.
Ројтерс наведува дека резултатот сепак е во рамките на статистичката грешка. Претходните студии - на крајот на јуни и почетокот на јули, покажуваа надмоќ на луѓе кои го сакаат останувањето на Велика Британија во ЕУ (54%), наспроти оние кои инсистираат да ја напуштат (45%).
Истражувањето се спроведе меѓу 3 и 4 септември меѓу малку над 1 000 испитаници.
За прв пат од ноември 2014 година Британците сакаат да ја напуштат ЕУ, наведуваат аналитичарите.
Официјално Велика Британија треба да одлучи дали Brexit ќе стане факт по референдумот закажан за 2017 година. Барањето за анкетата беше упатено од националистички партии во земјата, кои се спротивставија на еднаквите права на работниците што доаѓаат од ЕУ и локалните жители.
