Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалската криза го погоди рејтингот на Меркел

Бегалската криза го погоди рејтингот на Меркел

Јавната поддршка за германскиот канцелар Ангела Меркел нагло опадна поради кризната ситуација со бегалците од Блискиот Исток и Северна Африка, пишува Der Spiegel.

"Рејтингот на Меркел е паднат со пет поени до 63% во споредба со слична анкета од пред три месеци. Најмногу поддржуван германски политичар е министерот за надворешни работи на земјата, Франк-Валтер Штајнмаер со 67% ", пишува во анкета на агенцијата TNS.

Сојузник на канцеларот од Баварија Хорст Зеехофер, ја осудил нејзината одлука да прифаќа бегалци од Сирија, и постигна раст во рејтингот од шест проценти на 44%.

Ангела Меркел, која постојано управува со Германија од 2005 година смета во 2017 година да се кандидира за својот четврти мандат како канцелар на земјата.

Слично

Поврзани вести