Бегалец изгоре во обид да ја запали жена си
Бегалец во германско прифатилиште почина додека се обидувал да ја запали сопругата, нанесувајќи и 'тешки повреди.
Се работи за 45-годишен маж, чија националност не е позната.
Жената, која се разделила од својот маж, е однесена во болница со хеликоптер. Други две лица се повредени во пожарот во зградата.
Големиот прилив на мигранти ја принуди Германија да ги смести со хотели, спортски сали, и касарни каде пренаселеноста понекогаш доведува до појава на насилство.
Кавгите меѓу жителите во центрите за сместување на мигранти во Германија не се реткост. Тие често се должат на лични конфликти или се поттикнати од етничка нетрпеливост.
Германија прими 1,1 милиони кандидати за азил минатата година, а оваа година очекува уште 300.000.
