Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалци во Германија го прифаќаат христијанството

Бегалци во Германија го прифаќаат христијанството

Бегалци во Германија го прифаќаат христијанството.

Дали си ја смениле верата, за да останат во земјата?

Во неделата Саид, Вероника, Фарид и Матија станаа христијани - облечени во бело, четворицата ирански и авганистански бегалци примија Крштение од пасторот Матијас Линк во слободната евангелска црква во Кројцберг, регион на Берлин, пишува Франс прес.

„Веруваш ли од се срце дека Исус Христос е твој Господ и спасител, сакаш ли да го следиш во сите денови од својот живот? Ако е така, кажи „да "- вели духовникот.

Сите одговорија со искрено „да“.  

„Многу, многу сум среќен, се чувствувам, не знам како да опишам"- вели Матија.

Дваесетгодишният Иранец се запознал за прв пат со христијанството во Грција. Штом пристигнал во Германија, се приклучил кон оваа баптистичката црква со германските пријатели.

Повеќе бегалци муслимани го прифаќаат христијанството во Германија, каде во 2015 година пристигнаа до 900 000 кандидати за азил. Црквите бележат значаен, но не и масовен прилив. 

Слично

Поврзани вести