Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕГАЛ 30 ГОДИНИ И ГО ПРОМЕНИЛ ЛИЧНИОТ ОПИС: Во раце на полицијата падна најголемиот јужноамерикански нарко бос и крал на кокаинот

БЕГАЛ 30 ГОДИНИ И ГО ПРОМЕНИЛ ЛИЧНИОТ ОПИС: Во раце на полицијата падна најголемиот јужноамерикански нарко бос и крал на кокаинот

Еден од најголемите јужноамерикански „кралеви на кокаинот“, кој бегал од полицијата речиси 30 години, и дури направил пластични операции за промена на лицето е уапсен во западно бразилската држава Мато Гросо, соопшти бразилската полиција.

Луис Карлос да Роша, познат под прекарот „Бела глава“ е уапсен во акција наречена „Спектрум“ во градот Сорисо, што на португалски значи „насмевка“ се наведува во соопштението на полицијата.


Да Роша го променил името и личниот опис како би и избегал на полицијата и продолжил да се занимава со трговија на дрога.

Во акцијата е уапсен и човекот кој му бил десна рака а запленети се луксузни автомобили, авиони, фарми и друг имот вреден 10 милиони долари.

Во текот на акцијата, полицијата носела калибарско оружје, а кога упаднале во куќата во која бегалецот се наоѓал, агентите ги проучувале фотографиите со стари карактеристики на лицето на Да Роша и актуелната фотографија, врз основа на што заклучиле дека се работи за иста личност.


Да Роша е обвинет дека развил голема нарко-мрежа, која опфаќа производство на кокаин во џунглите на Боливија, Колумбија, и Перу, а која дистрибуирала дрога по Јужна Америка, САД и Европа.


Обвинет е дека бил еден од главните добавувачи кои владеат во големите подрачја на Сао Паоло и Рио де Женеиро, како и дека на основа на тоа стекнал околу 100 милиони долари лично богатство.

Слично

Поврзани вести