БЕБЕ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА ДОНЕСЕНО ВО КБЦ ЗАГРЕБ - се испитува како дошло до повредата
Тешко повредено бебе било донесено во Универзитетскиот болнички центар Загреб каде му е укажана лекарска помош.
Неофицијално се работи за тешки повреди на главата, а полицијата соопшти дека повредите настанале во Туропоље, на се уште неидентификуван начин.
Бебето има неколку месеци и се уште е во тешка состојба и е прикачено на респиратор. Се наоѓа на детската клиника при Универзитетскиот болнички центар Загреб.
Во тек е криминалистичка истрага.
Извор: Индекс.хр
Слично
