Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беа жариште, а сега четири месеци немаат починат од корона

Беа жариште, а сега четири месеци немаат починат од корона

Кина четири месеци е без смртен случај од коронавирус. 

Националната здравствена комисија последен пат пријавила смрт од коронавирусот на 14 април годинава.

Во земјата ниту еден хоспитализиран пациент не починал во период од четири месеци.

Претставникот на Националната здравствена комисија, Гуо Јанхонг, вели дека ова е најсилниот доказ дека кинеските искуства, методи и стратегии во лекувањето на лица со коронавирус се ефикасни.

Тој ја пофали стратегијата на Кина за спречување на ширењето на Ковид-19.

Сепак, светот е далеку од стекнување на колективен имунитет, порачаа од СЗО. 

Наесен се очекува полошо сценарио. 

Во светот сега има над 22.6 милиони луѓе заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести