БЕА ПОБЕДНИЦИ ВО БОРБАТА СО КОВИД, НО СЕГА ДЕЛТА СОЈА ГИ СТАВА ВО ЦЕЛОСЕН ЛОКАДУН: Двонеделен карантин за 10 милиони Австралијци
Австралија воведе двонеделен целосен локдаун дури
за две петтини од населението откако
се зголемува бројот на заразени со делта сојот.
Австралиската држава Квинсленд повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничи приватните. Властите итно реагирале по појавата на новозаразени.
За време на викендот беше донесена одлука за целосен карантин кој ќе трае две недели во најнаселениот австралиски град Сиднеј, како и во Дарвин на северот на земјата. Според Би-Би-Си, бројот на заразени со вирусот коронавирус во Сиднеј се искачил на 128, и ова е првпат по неколку месеци да бидат откриени жаришта на повеќе локации низ целата земја.
Некаков облик на локдаун или рестрикции сега опфаќа повеќе од 10 милиони Австралијци, или две петтини од населението.
- Влегуваме во нова фаза на пандемијата - предупредија австралиските власти.
Премиерот на Нов Јужен Велс изјави дека во таа област биле евидентирани 18 нови случаи од 59 000 тестирани вчера.
- Мора да бидеме подготвени за значително зголемување на бројот на нови случаи сега кога се бориме со нова варијанта - рече Гледис Беречиклајан.
Австралија досега беше многу поуспешна од другите развиени земји во спречувањето на ширење на корона вирусот, регистрирајќи само 30.450 случаи и 910 смртни случаи.
