БДП-то на Швајцарија порасна за 0,5 отсто во вториот квартал
За 0,5 отсто порасна БДП-то на Швајцарија во второто тромесечје годинава во однос на претходниот квартал, односно за 2,5 отсто на годишно ниво.
Како што се наведува во соопштението на швајцарскиот Државен секретаријат за стопанство, главниот позитивен импулс на стопанскиот раст во периодот април-јуни го дала потрошувачката на домаќинствата, која се зголемила за 0,7 отсто, а првпат за година дена инвестициите во опремата се зголемени за значајни 2,9 отсто.
Развојот на трговскиот стоковен биланс имал негативен ефект на нивото на БДП, со оглед на падот на извозот и растот на увозот. Cпротивно на тоа, билансот во секторот за услуги е урамнотежен.
Слично
