Економија, финансии, бизнис

Контакт

БДП- то на Италија ќе се намали за 1,9 отсто

БДП- то на Италија ќе се намали за 1,9 отсто

Меѓународната агенција за мерење на рејтинг „Стандард и Пурс" го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Италија од „BBB +" на "BBB", задржувајќи ја негативната прогноза.

Според експертите на агенцијата, економските перспективи пред Италија се влошуваат, конкурентноста на економијата на земјата е ниска поради високите плати и ограничувањата на внатрешниот пазар.

„Стандард и Пурс" предвидува за годинава , БДП-то на Италија да се намали за 1,9 отсто.

Агенцијата ги истакна негативните изгледи за италијанската економија и најави дека во текот на оваа или следната година повторно може да го намали рајтингот ако изгледите не се сменат.

Поради намалениот рејтинг владата позајмува пари со многу повисока каматна стапкa.

Слично

Поврзани вести