Bayer ќе се шири на рускиот пазар
До крајот на 2017 година, германскиот фармацевтски концерн Bayer, планира да ја зголеми продажбата во Русија за 80%, на 1,3 милијарди евра.
„Посветени сме и на Русија како партнер и сакаме да продолжиме да придонесуваме за развојот на оваа земја, како во бизнисот, така и во општеството”, изјави извршниот директор на Bayer, Маријн Декерс на прес-конференција во Москва, пишува Блумберг.
Годишниот раст на продажбата до 2017 година ќе биде 12%. До 2022 година обемот на продажбата на компанијата би можел да надмине две милијарди евра и тогаш Русија би влегла меѓу десетте најголеми пазари на оваа компанија.
Вкупната продажба во Русија минатата година достигна 726 милиони евра, а во првото полугодие од годинава, продажбата е зголемена за 12,5% во споредба со истиот период лани.
Слично
