Економија, финансии, бизнис

Контакт

Баскијците со поддршка за Каталонците - излегоа на марш

Баскијците со поддршка за Каталонците - излегоа на марш

Илјадници луѓе се вклучија во протестен марш во најголемиот град на баскиската автономна област во Шпанија – Билбао, против воведеното  директно управување во Каталонија од Мадрид, соопштува АП.

Демонстрантите, ги поддржаа каталонските сепаратисти , тврдејќи дека имаат право на самоопределување.

Арнало Отеги, кој е лидер на баскиската левичарска сепаратистичка коалиција “ЕК Билду”, која е “за” поделбата на Каталонија, исто така ги  поддржа демоннстрациите.

„Каталонија ја започна новата ера во која се уапсени политички лидери, од кои половината се во затвор, а по нивниот претседател има европска потерница”- вели Ортеги. 

Баскиската група ЕТА, која уби над 850 лица за време на  децениската  борба за отцепување на баскиската автономна област од Шпанија, претходно  годинава го положи оружјето. 

Каталонија организираше референдум за независност на 1 октомври, на кој 90 отсто од гласачите поддржаа независност, но одзивот беше 43 отсто. Референдумот беше прогласен за незаконски и беше проследен со полициски насилства. Анкетите покажуваат дека се зголемува поддршката за независност на Каталонија

Слично

Поврзани вести