Башар ал-Асад отруен во Москва, тврдат арапските медиуми
Поранешниот претседател на Сирија, Башар ал-Асад, кој избега од Дамаск за време на конфликтот во земјата бил отруен во Москва, пишува весникот „Џордан дејли“.
Оваа информација е непотврдена, но според сириската опсерваторија за човекови права, чие седиште е во Велика Британија, соопшти дека добила информации за Асад, односно дека бил отруен во Русија и дека во критична состојба е однесен во болница. од таму побараа и Москва да издаде официјално соопштение.
Пред осум месеци имаше слични гласини, кога весникот „Сан“ цитираше поранешен руски шпион. Подоцна, британскиот весник беше демантиран од платформата за проверка на факти „Такид“, а немаше ниту потврда во руските државни медиуми, ниту во агенции како што е руски ТАСС.
Актуелните шпекулации доаѓаат во време кога се интензивираат меѓународните правни напори против Башар и неговиот брат Махеразбог за воени злосторства, покренувајќи прашања за тоа дали ваквите извештаи претставуваат обид за ослабување на позицијата на Асад или дури и целосно маргинализирање.
