БАШ МУ БИЛ ЦРН ПОНЕДЕЛНИК: Еве колку милијарди изгуби најбогатиот Кинез за еден ден!
Најбогатиот Кинез изгубил 3,6 милијарди долари во еден ден поради падот на светските берзи, кој го избриша целиот годишен раст на акциите на берзата во Шангај.
Основачот и претседател на конгломератот Далијан Ванд, Ванг Џенлин, изгубил вчера повеќе од 10 одсто од своето вкупно богатство според Блумерговиот индекс на милијардери.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BBGBillionaires/status/636030264355983360/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Акциите на Шангајската берза вчера паднаа 8,49 одсто, што е најголем дневен пад од 2007, за да денес потонат уште 7,63 одсто.
И покрај вчерашните загуби, богатството на Ванг од почетокот на годината порасна за шест милијарди долари.
Вториот најбоагт Кинес, основачот на Алибаба Џек Ма, вчера изгуби „само“ 545 милиони долари.
Кинеските власти пружија силна поддршка на берзите во земјата откако клучниот шангајски индекс потона повеќе од 30 одсто во период од три недели во средината на јули. Пекинг во текот на викендот соопштил дека кинескиот државен пензиски фонд, кој на крајот на 2014 управуваше со средства вреди 3,5 билиони јуани, прв пат почна да купува акции на берзите, како најнов обид на смирување на пазарот. Според документот кој го усвои Државниот совет на Кина, локалните кинески пензиони фондови може да извојат до 600 милијарди јуани (97 милијарди долари) за стабилизација на состојбата на берзанскиот пазар.

