Барозо: Ја оставам силна Европа
Жозе Мануел Барозо денеска во последното свое обраќање пред Европскиот парламент рече дека зад себе ја остава обединета, отворена и силна Европа.
Осврнувајќи се на фактот дека во текот на неговиот мандат, ЕУ речиси двојно го зголемила бројот на членки (од 15 на 28), заминувајќи претседателот на Европската комисија рекол: „Многумина предвидуваа дека Европската унија нема да може да функционира со 25, 27 или 28 членки и дека ќе биде блокирана. Реалноста е дека ЕУ не е блокирана со проширувањето. Реалноста е дека некогаш всушност било многу тешко меѓусебно да се усогласат некои од земјите-основачи на ЕУ, отколку сите 28 членки“.
Барозо токму проширувањето го гледа како механизам кој ја зголемил политичката моќ и економски потенцијал на ЕУ, но и овозможил слободен живот за пола милијарда луѓе, пренесува Дојче веле.
Во моментот кога неговиот наследник Жан-Клод Јункер, кој од 1 Ноември го презема претседавачкото место со ЕК, најавува консолидација н ЕУ без нови членки во наредните пет години, Барозо речиси горделиво го нагласува фактот дека ширењето на Унијата и нејзината подлабока интеграција биле компатибилни процеси во последните десет години.
После десет години на цела ЕК, Барозо во своето последно обраќање пред ЕП нагласи дека ЕУ, и покрај временски константните кризи, успеала да се отвори, консолидира и обедини на речиси целиот европски континент околу вредностите како што се мир, слобода и правда.
Финансиската и економска криза, како најголема криза во историјата на европскиот проект, покажа способност и отпорност на Унијата, не само да се прилагоди и стабилизира, туку и да постане и остане најјак глобален играч на полето на трговијата, борба против климатксите промени, хуманитарна и развојна помош и вложување во култура и иновација, смета Барозо.
Иако признава дека моменталниот економски раст во ЕУ и покрај „стабилизацијата“ сепак е „Помал од очекуваното“, Барозо го повикува Јункер да продолжи да ја води Европската унија со зацртаната политика и да продолжи со веќе започнатите реформи.
„Во Европа проблемите не се решаваат низ револуции или уште полоши контрареволуции туку со компромис, реформи и еволуција, порача Барозо.
