Барозо: Европска банкарска унија на лето
До почетокот на ова лето ќе биде разработен планот за формирање единствен механизам за банкарска и финансиска контрола, најави денеска претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.
„Европската комисија на почетокот од летото ќе го претстави предлогот за создавање на единствен контролен механизам, посочи Барозо.
По средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман истакна дека продолжува работата за формирање на банкарска унија и оти се утврдуваат дополнителните норми за финансиско регулирање и за ограничување на бонусите на банкарските службеници.
„Сега работиме врз заедничката архитектура на банкарската, економската и монетарна унија, која треба да превенира од повторување на кризните ситуации, како кипарската“, истакна Барозо кој изрази надеж дека договорот за финансиска помош на Кипар ќе и помогне на земјата да ја поврати финансиската стабилност, со што би се повратила довербата во цела еврозона.
