Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барозо: Да се забрза создавањето на европска банкарска унија

Барозо: Да се забрза создавањето на европска банкарска унија

 Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска го критикуваше одложувањето на формирањето на европска банкарска унија, во време на кризата на презадолжениот Кипар.

„Банкарската унија да постоеше денеска, управувањето со тешкотиите со кои се соочуваме на Кипар ќе беше значително полесно“, рече Барозо во текот на дводневната посета на Прага.

Европските лидерите уште во декември начелно се договорија за формирање на банкарска унија со единствен надзорен механизам. Новите чекори се очекуваа во текот на оваа година, но работата беше забавена.

Германија и Франција ги здружија силите и повикаа на формирање единствена банкарска супервизија како прв чекор кон целосна банкарска унија, што ќе претставува основа за поголема интеграција во ЕУ и засилување на  нејзината отпорност на евентуалните идни финансиски кризи. Велика Британија, пак се противи на ваквата идеја.

Слично

Поврзани вести