Економија, финансии, бизнис

Контакт

Баросо: На ЕУ во иднина нема да и треба ММФ

Баросо: На ЕУ во иднина нема да и треба ММФ
Без помош на Меѓународниот монетарен фонд во иднина европските институции ќе можат да се справат со финансиските проблеми на земјите-членки, изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. - Во иднина, нагласувам во иднина, мислам дека ќе биде можно, ако владите го сакаат тоа, европските институции целосно да ја преземат одговорноста за управување и осигурување на програмите за финансиска помош, рече Баросо. Тој додаде дека засега тоа нема да ја засегне тројката – ЕУ, ЕЦБ и ММФ, коja управува со програмите за спас на Грција, Ирска, Кипар и Португалија. Односите меѓу ЕУ и ММФ се заладија, откако Фондот го критикуваше Брисел за неспособност да донесат тешки одлуки во првиот пакет за спас на Грција, по што следеше и втор пакет. Одлуката ММФ да биде вклучен во европските финансиски програми за спаз предизвика многу контроверзи, но европските тела не успеаја самите да се справата со кризата.
Слично

Поврзани вести