Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БАРБЕНХАЈМЕР“ - КОЈ ЗАРАБОТИ ПОВЕЌЕ? Маргот Роби како Барби или Килијан Марфи како Опенхајмер, но и двајцата не се ни близу до еден друг актер

„БАРБЕНХАЈМЕР“ - КОЈ ЗАРАБОТИ ПОВЕЌЕ? Маргот Роби како Барби или Килијан Марфи како Опенхајмер, но и двајцата не се ни близу до еден друг актер

Актерката Маргот Роби била платена 12,5 милиони долари за улогата на Барби во истоимениот филм, пишува Variety. Сепак, официјалната потврда за заработката допрва треба да пристигне. Интересно, доколку оваа информација е вистинита, таа ќе значи дури 2,5 милиони долари повеќе од „Таткото на атомската бомба“.

Според веб-страницата Fandomwire, Килијан Марфи за улогата на доктор Опенхајмер добил 10 милиони долари.

Двата блокбастера беа објавени во текот на истиот викенд, што е нешто што холивудските креатори вешто го избегнуваат. Во прилог на порталот Variety се наведува и дека актерот Рајан Гослинг за улогата на Кен добил 12,5 милиони долари.

Сепак, овие суми не се ни блиску до она што го добил Том Круз за улогата во филмот „Top Gun: Maverick“, односно цифрата од 100 милиони долари.

Следен на листата е Вил Смит со заработка од 35 милиони долари, а по него е Леонардо ди Каприо.


Слично

Поврзани вести