Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРАЊЕ НА ПРАТЕНИЦИ ВО ЕП: Да се укине поместувањето на стрелките од часовникот

БАРАЊЕ НА ПРАТЕНИЦИ ВО ЕП:  Да се укине поместувањето на стрелките од часовникот

Во  Европскиот парламент 70 пратеници се залагаат за укинување на Директивата на Европската комисија за менување на стрелките од часовникот двапати годишно.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките од часовникот двапати годишно се засновало на сè поголемите докази за негативниот ефект на таа практика. 

„Научните истражувања покажуваат дека 20% од населението страдаат од здравствени проблеми поради промената на часовникот“- истакнува Павел Свобода, чешки пратеник. 

Освен негативното влијание врз човечкиот биоритам, поместувањето на стрелките на часовникот доведува до поголем број сообраќајни несреќи, повеќе нарушувања во семејствата, како и намалување на продуктивноста на работното место, смета Свобода. 

Свобода најави дека работната група ќе даде предлог за резолуција што ќе бара од Европската комисија да упати предлог за укинување на оваа практика и дека во блиска иднина ќе очекува гласање за ова прашање токму во Европскиот парламент.

Поместувањето на часовникот е воведено со цел да се заштеди енергија, а оваа цел никогаш не била исполнета, додава тој. 

„Спроведеното истражување јасно покажува дека укинувањето на промената на часовникот би било добро за нашите 510 милиони граѓани“- вели чешкиот пратеник.

Свобода додава дека овој предлог има силна поддршка од земјите-членки, при што Полска веќе ги направила првите законодавни чекори по тоа прашање.

Слично

Поврзани вести