Барак Обама: Нема оправдување за немирите во Балтимор
Нема оправдување за немирите во Балтимор, кои следат по смртта на 25-годишен црнец во полициски притвор, изјавил претседателот на САД Барак Обама, цитиран од светските агенции.
Демонстрантите во Балтимор ќе сносат одговорност за грабежите на продавниците во сопствениот град и нанесување штета на своите соседи, изјави Обама.
Таквите активности се контрапродуктивни, додаде тој и соопшти дека водел разговори со градоначалникот на Балтимор и гувернерот на државата Мериленд.
Обама изјавил дека луѓето кои ги ограбија продавниците и ги уништуваат автомобилите од гнев поради смртта на 25-годишниот Фреди Греј се криминалци и бандити.
Обама истовремено призна дека САД се соочуваат со латентна криза со полицијата, особено поради односот кон црнците, пренесе Франс прес.
„Видовме премногу примери на интеракции помеѓу полицијата и некои луѓе, претежно Афроамериканците, често пати сиромашни, кои покренуваат вознемирувачки прашања“, изјавил претседателот на САД.
Смртта на голем број црнци, предизвикана од полицајците, е „бавно бирање за силата на кризата“. Тоа не е нешто ново, но сега има ново осознавање на проблемот преку камерите и социјалните медиуми, посочи Обама пренесоа американските медиуми.
